Вулкански остров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вулкански остров — остров кој настанал по вулкански пат, често на места наречени врели точки. Невулканските (ниски) острови се разликуваат од нив по тоа што настануваат со таложење или тектонско издигање на корален гребен[1] (кои обично се образуваат на потопени вулкани).


Remove ads
Дефиниција и настанок
Постојат низа вулкански острови кои вушност немаат планина, туку се издигаат само малку над морското ниво, и напати се сметаат за островчиња или карпи.
Вулканските и невулканските острови честопати се среќаваат во непосредна близина, особено во подрачјето на Јужниот Тихи Океан, каде ниските острови се сместени на ободните гребени кои ги окружуваат вулканските острови.
Животоподобност за човекот
Разликите во геологијата и топографијата помеѓу вулканските и невулканските острови имаат големо значење за погодноста за живот: вулканските острови над извесна висина најчесто имаат подземна вода, додека пак ниските немаат и со тоа ја ограничуваат животоподобноста за човекот.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads