Вунсторф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вунсторф (германски: Wunstorf) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Во негова близина се наоѓа Воздухопловната база Вунсторф на германските воздухопловни сили. Западно од градот, местата Штајнхуде и Гросенхајдорн се наоѓаат на бреговите на Штајнхудското Езеро.
Remove ads
Географија
Местоположба
Низ градското подрачје на самиот Вунсторф тече Вестауе, која се влева во Лајне, североисточно од Борденау. На запад се наоѓа Природниот парк Штајнхудско Езеро.
Градски единици
Кон градското подрачје на Вунсторф припаѓаат местата:
- Блуменау (со Лите)
- Бокело
- Гросенхајдорн
- Клајн Хајдорн
- Идензен (со Идензермор и Нинграбен)
- Коленфелд
- Луте
- Месмероде
- Штајнхуде
- Вунсторф
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 40 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година:
SPD: | 16 места |
CDU: | 13 места |
GRÜNE: | 4 места |
FDP: | 2 места |
AfD: | 4 места |
независни: | 1 место |
Градоначалник
Од 1999 година градоначалник на Вунсторф е Ролф-Аксел Еберхарт (CDU).
Збратимени градови
Вунсторф е збратимен со следниве градови:
Волмирштет, Германија
Флер, Франција
Хошчно, Полска
Remove ads
Сообраќај
Вунсторф има два излези на автопатот А2.
Железничката станица Вунсторф има редовни врски со Хановер преку локални и регионални возови, како и врски до Минден и Нинбург. Локалната автобуска мрежа дозволува врски со возови до/од Хановер.
Најблизок комерцијален аеродром е Хановер-Лангенхаген, околу 25 километри преку А2 и A352.
Познати луѓе
- Хајнц-Јоахим Бархман (р. 1950) — политичар
- Ернст Јингер (1895–1998) — писател
- Поликарп Лајзер IV (1690–1728) — протестантски теолог филозоф, лекар, правник и историчар
- Јост Шмит (1893–1948) — типограф сликар и учител
- Андреас Шпенглер (р. 1947) — психијатар и психотерапевт
Галерија
- Црквата „Св. Кузман и Дамјан“
- Средиштето на градот
- Градската библиотека
- Ветерница Паула во Штајнхуде
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads