Единици за пренос на податоци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во телекомуникациите, битовата стапка (bitrate) или проточноста на преносот на податоците претставува просечен број на битови, знаци или блокови по единица време кој проаѓа од една до друга направа по пат на систем за пренос на податоци. Ова најчесто се мери со содржатели на единиците бит во секунда или бајт во секунда.

Повеќе информации Име, Симбол ...
Remove ads

Појаснување

За да се биде што е можно појасен, мора да се знаат и претставката и наставката на единицата. На пример, кратенката „2 mb“ може да се разложи на 4 различни начини („мега-“ наспроти „меби-“ и „-бит“ наспроти „-бајт“). Разликата во односните броеви може да биде огромна:

Повеќе информации Единица, Битови ...

Табелата погоре прикажува приближно 5% разлика помеѓу соодветните мега- и меби- единици со 700% разлика помеѓу -бит и -бајт единиците. Точната употреба на единиците е од голема важност бидејќи различните толкувања можат да доведат до 740% разлика во количината на податоци што се зема во една единица (разликата може да стане и поголема за единици со различна претставка).

Претставка: к наспроти Ки

'к-' означува кило, што изнесува 1.000, додека пак 'Ки-' означува „килобинарно“, што изнесува 1.024. Стандардизираните бинарни претставки како Ки- се релативно скоро воведени и сè уште не се нашироко прифатени. 'К-' честопати се користи со значење 1.024, особено кај 'КБ' (килобајт).

Наставка: б наспроти Б

'б' значи 'бит', а 'Б' значи 'бајт'. Меѓутоа некои велат дека 'бит' не треба да крати бидејќи тој е веќе кратенка од „бинарен број“, а разликата помеѓу битот и бајтот може да доведе во забуна. Во контекст на единици за проточност, еден бат се однесува на 8 бита. На пример, кога се рекламира линија од „1 Мб/с“, обично значи дека максималната достижна брзина на преземање е 1 мегабит/с (милион бита во секунда), што е всушност 0,125 МБ/с (мегабајт во секунда), или околу 0,1192 МиБ/с (мебибајт во секунда).

Remove ads

Децимални содржатели на битот

Килобит во секунда

Килобит во секунда (кбит/с или kbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.000 бита во секунда или
  • 125 бајти во секунда.

Мегабит во секунда

Мегабит во секунда (Мбит/с или Mbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Гигабит во секунда

Гигабит во секунда (Гбит/с или Gbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Терабит во секунда

Терабит во секунда (Тбит/с или Tbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Remove ads

Бинарни содржатели на битот

Кибибит во секунда

Кибибит во секунда (Кибит/с или Kib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на 1,024 бита во секунда. Зборот „кибибит“ не се пишува со големи букви, туку само кратенката „Кибит“.

Мебибит во секунда

Мебибит во секунда (Мибит/с или Mib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.048.576 бита во секунда или
  • 1.024 кибибита во секунда.

Гибибит во секунда

Гибибит во секунда (Гибит/с или Gib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.073.741.824 бита во секунда или
  • 1.048.576 кибибит во секунда или
  • 1.024 мебибита во секунда.

Тебибит во секунда

Тебибит во секунда (Тибит/с или Tib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.099.511.627.776 бита во секунда или
  • 1.073.741.824 кибибита во секунда или
  • 1.048.576 мебибита во секунда или
  • 1.024 гибибита во секунда.

Децимални содржатели на бајтот

Килобајт во секунда

Килобајт во секунда (кБ/с или kBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Мегабајт во секунда

Мегабајт во секунда (МБ/с или MBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Гигабајт во секунда

Гигабајт во секунда (ГБ/с или GBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Терабајт во секунда

Терабајт во секунда (ТБ/с или TBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

Remove ads

Бинарни содржатели на бајтот

Кибибајт во секунда

Кибибајт во секунда (КиБ/с или KiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.024 бајти во секунда, или
  • 8 кибибита во секунда, или
  • 8192 бита во секунда.

Мебибајт во секунда

Мебибајт во секунда (МиБ/с или MiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.048.576 бајти во секунда, или
  • 1.024 кибибајти во секунда, или
  • 8 мебибита во секунда, или
  • 8192 кибибита во секунда, или
  • 8.388.608 бита во секунда.

Гибибајт во секунда

Гибибајт во секунда (ГиБ/с или GiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.073.741.824 бајти во секунда, или
  • 1.048.576 кибибајти во секунда, или
  • 1.024 мебибајти во секунда, или
  • 8 гибибита во секунда, или
  • 8192 мебибита во секунда, или
  • 8.388.608 кибибита во секунда, или
  • 8.589.934.592 бита во секунда.

Тебибајт во секунда

Тебибајт во секунда (ТиБ/с или TiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:

  • 1.099.511.627.776 бајти во секунда, или
  • 1.073.741.824 кибибајти во секунда, или
  • 1.048.576 мебибајти во секунда, или
  • 1.024 гибибајти во секунда, или
  • 8 тебибита во секунда.
  • 8192 гибибита во секунда, или
  • 8.388.608 мебибита во секунда, или
  • 8.589.934.592 кибибита во секунда, или
  • 8.796.093.022.208 бита во секунда.
Remove ads

Формули за претворање

Повеќе информации Назив, Симбол ...
Remove ads

Примери

Повеќе информации Количина, Единица ...
Remove ads

Поврзано

  • Бинарна претставка
  • Битова стапка (bitrate)
  • Величински редови (податоци)
  • SI-претставка

Наводи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads