Галактичка астрономија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галактичка астрономија — изучувањето на Млечниот Пат и сета негова содржина. Се разликува од вонгалактичката астрономија, која изучува сè вон нашата галаксија, вклучувајќи други галаксии.

Оваа дисциплина не се занимава со настанок и развој на галаксиите, каде општо се изучуваат галаксиите, нивниот настанок, структура, составни делови, динамика, замодејства и облици.
Млечниот Пат како наша домашна галаксија е најдобро проучената галаксија, иако важен дел од неа е скриен на видливи бранови должини од подрачја со вселенска прашина. Развојот на радиоастрономијата, инфрацрвената и подмилиметарската астрономија во XX век им овозможил на астрономите да добијат претстава за тоа каде сè се распоредени правот и гаоот во Млечниот Пат.
Remove ads
Полиња од интерес
Постојат разни теми во галактичката астрономија кои ја делат на разни полиња на истражување:[1]
- застапеност на хемиските елементи потешки од хелиумот
- испакнатината околу средиштето на Млечниот Пат
- средиштето на Млечниот Пат
- дискот на Млечниот Пат (рамнината на која лежат највеќето галактички тела)
- развојот на Млечниот Пат
- настанокот на Млечниот Пат
- основните параметри на Млечниот Пат (маса, големина итн.)
- збиените јата во Млечниот Пат
- големиот ореол околу Млечниот Пат
- кинематиката и динамиката — движењата на ѕвездите и ѕвездените јата
- јадро — подрачјето околу црната дупка во средиштето на Млечниот Пат (Стрелец A*)
- расеаните јата и здруженијата
- сончевото соседство
- ѕвездената содржина — бројот и видовите на ѕвезди во Млечниот Пат
- структурата на Млечниот Пат (спирални краци итн.)
Remove ads
Ѕвездени населенија
Меѓувездена средина
- Меѓупланетарен простор — Меѓупланетарна средина — Меѓупланетарна прашина
- Меѓуѕвезден простор — Меѓуѕвездена средина — Меѓуѕвездена прашина
- Меѓугалактички простор — Меѓугалактички простор — Меѓугалактичка прашина
Поврзано
- Вонгалактичка астрономија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads