Галатеја (месечина)
месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галатеја (или Нептун VI) — четврта по близина внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по Галатеја, една од Нереидите од старогрчката леганда во која напусто бил заљубен киклопот Полифем.
Remove ads
Откривање

Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. според сликите направени од сондата „Војаџер 2“ и ја добила привремената ознака S/1989 N 4.[8] Откритието е објавено на 2 август истата година, а трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[9]
Физички својства
Галатеја има неправилен облик и нема знаци на каква било геолошка изменетост. Веројатно е дека се работи за збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од месечината Тритон наскоро по нејзиниот зфат во многу занесена првична орбита.[10]
Орбита
Орбитата на Галатеја лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување, и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во нов планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување.
Галатеја е пастирска месечина за Адамсовиот прстен кој е 1.000 км вон својата орбита. Резонанциите со Галатеја се во сооднос 42:43 и се сметаат за најверојатниот механизам со кој се заробени уникатните лакови кои постојат во прстенот.[11] Нејзината маса е проценета врз основа на радијалните растројувања кои ги предизвикува во прстенот.[6]
Белешки
- Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: Gm/r2.
- Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: √2Gm/r.
Бидејќи Галатеја има неправилен облик, вистинската површинска гравитација и втора космичка брзина значително се разликуваат од едно место до друго.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads