Галерија на икони (Куманово)

музеј на икони во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Галерија на икони (Куманово)
Remove ads

Галерија на икони - Кумановомузеј на икони во црквата „Св. Никола“ во центарот на градот Куманово.[1]

Кратки факти Основан, Место ...

Сместена е на катот во црквата. Отворена е во јануари 2001 г. по повод 150-годишнината од нејзината изградба. Во неа се изложени многу икони од различни запуштени цркви и манастири во Кумановскиот крај кои датираат помеѓу XVI и XIX век.

Remove ads

Застапени цркви и манастири

Иконите се донесени од различни места како Забелскиот манастир, Карпинскиот манастир, црквите Градишкиот манастир, „Свети Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане, „Св. Никола“ во Павлешенци, „Св. Јован Опсечен“ во Режановце, „Св. Спас“ во Довезенце, „Св. Илија“ во Никуљане, „Св. Никола“ во Колицко, „Св. Илија“ во Живиње, „Св. Петка“ во Мургаш и „Св. Петка“ во Пезово.

Има и икони од цркви „Св. Никола“ и „Св. Троица“ во самото Куманово.

Remove ads

Застапени иконописци

Меѓу авторите се иконописци и живописци како Дичо Зограф, Величко Костов, Зафир Василков, Димитар Андонов Папрадишки, Јосиф Мажовски и хаџи Коста Крстев.[1][2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads