Гарваница — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Јамиште. Претставува населба од доцноримско време. Северно од селото има рид што се издига високо над Злетовска Река. На зарамнетото плато на врвот, со површина од 150 x 100 м, се гледаат темели од објекти, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови и питоси. Најден е и голем број монети од VI век и постари.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
