Гарска Река
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гарска Река — река која потекнува од селото Гари, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Тресонечка Река ја создава Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).
Remove ads
Притоки
Главни притоки на Гарска Река се реките Валовница, Лазарополска и Ѕвончица, кои ги собираат водите на планината Стогово.[2]
Природен резерват
Реката била прогласена за ботанички резерват со решение број 03-167-2/60 издадено од Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Со ова решение биле прогласени насадите на див костен долж течението на Гарска Река за ботанички резерват.[3]
Воден потенцијал
Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Гари. Во поново време била изградена и хидроцентрала, која била замислена како проточна, но сепак, никогаш не била ставена во функција.
Галерија
- Проект за изградба на мост на Гарска Река од 1938 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads