Гашербрум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гашербрум е група врвови на североисточниот крај на ледникот Балторо, во состав на венецот Каракорум. Како таква, групата им припаѓа на Хималаите и се наоѓа на границата помеѓу Шаксгамската Долина (Кина) и територијата Гилгит-Балтистан (Пакистан). Масивот содржи три врва над 8.000 метри (ако се смета Брод Пик).



Масивот првпат е забележан од полковникот Томас Џ. Монтгомери од Кралската инженерија на Британија, учесник во проектот „Голем тригонометриски премер на Индија“. Бидејќи се во состав на Каракорум, тој ги иманувал К1, К2, К3, К4 и К5 (каде „К“ значи Каракорум). Денес К1 се нарекува Машербрум, К3 е наречен Брод Пик, К4 е Гашербрум II, а К5 го носи името Гашербрум I. Само К2 (втор највисок во светот) го задржал називот на Монтгомери.
Remove ads
Историја на освојување
На 9 март 2012 г., полските планинари Адам Бјелецки и Јануш Голомб станале првите што го искачиле Гашербрум I зиме, и тоа без дополнителен кослород.[1]
Remove ads
Поврзано
- Осумилјадник
- Список на највисоки планини
- Каракорум
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads