Гај Мариј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гај Мариј [б 1] роден во 157 година п.н.е. бил римски генерал и државник. Победник на цимбриските и југуртинските војни, тој ја добил титулата на конзул седум пати во текот на неговата кариера. Бил доста значаен и за неговите важни реформи на римските војски. Бил во центарот на парадигматска смена од милициите во средната Република до професионалното вооружување на доцната Република; тој, исто така, го подобрил пилумот, дизајнирана да се искриви по удар, како и големи промени во логистичката структура на римската војска.[1]
За неговата победа над инвазијата на германските племиња во цимбриската војна, тој бил прогласен за „трет основач на Рим“.[2] [3] Неговиот живот и кариера била многу значајна во трансформацијата на Рим од Република до Империја. Во рамките на политичкиот живот, тој помогнал во водењето на групата Популари против групата Оптимати на Лусиј Корнелиј Сула. Нивното соперништво достигнало врв во 88-87 п.н.е. за време на првата граѓанска војна на Сула. Една година подоцна, Мариј починал од природна смрт.
Remove ads
Белешки
- C·MARIVS·C·F·C·N is how Marius was termed in official state inscriptions in Latin: "Gaius Marius, son of Gaius, grandson of Gaius".
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads