Гедик Ахмед-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гедик Ахмед-паша (? - починал на 18 ноември 1482 во Одрин) — османлиски државник и голем везир на империјата во периодот од 1474 до 1477 година. Денеска не е познато неговото потекло, но според некои историчари имал грчко или српско потекло[1][2].
Гедик Ахмед-паша претходно бил командант на морнарицата во времето на Мехмед II и Бајазид II. Под негово водство во Анадолија бил покорен последниот румски бејлик Караманија. Исто така учествувал во војната со Венеција во 1475 година а бил испратен и да помогне на Кримското Ханство во нивната војна со Џенова, каде го покорил грчкото кнежевство Теодоро. По овој настан Кримското Ханство влегло во сферите на влијание на Османлиското Царство. Гедик учествувал и во нападите на италијанските острови, имал неуспешен напад на Родос во 1480 година. Во негово време биле убиени 800 христијани кои одбиле да го прифатат исламот.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads