Гедиминас Орелик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гедиминас Орелик (литв: Гедеминас Ореликас; Шјауљај, 14 мај 1990) е литвански кошаркар, крило на Рејер Венеција.
Remove ads
Животопис
Кариера
Во младите категории играл за Шјауљај, а во текот на сезоната 2006-2007 ги забележил првите минути со првиот тим на клубот. Потоа бил позајмен на тогашниот литвански второлигаш Мереста Пакруојис во сезоната 2008-2009. Сезоната 2009-2010 ја започнал во својот матичен клуб Шјауљају, но веќе во февруари 2010 се преселил во Пренај. Со оваа екипа го освоил Купот на Литванија во 2013 година, и исто така бил најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната 2012-2013 во Литванското првенство и во регионалната Балтичка лига. Во мај 2013 потпишал за Лиетувос ритас и во дресот на овој клуб ги поминал следните три сезони. Во сезоната 2016-2017 за првпат ја напуштил својата родна Литванија и се преселил во турскиот Банвит, со кој го освоил Купот на Турција. Тој исто така играл со клубот во финалето на првото издание на ФИБА Лигата на шампионите, во кое уфрлил 13 бода но неговиот Банвит бил поразен со 59-63 од Иберостар Тенерифе.
Во јули 2017 потпишал едногодишен договор со екипата на Рејер Венеција.[2] Во второто коло од Италијанската Серија А, Орелик го постигнал победничкиот кош за Рејер во успехот со 79-78 над Тренто на 14 секунди до крајот; Тој исто така бил најефикасен играч на натпреварот со 24 бода.
Remove ads
Успеси
Клупски
Пренај
- Куп на Литванија (1) : 2013
Лиетувос ритас
- Куп на кралот Миндовго (1) : 2016
Банвит
- Куп на Турција (1) : 2017
Поединечни
- Идеален тим на ФИБА Лигата на шампионите - втора постава (1) : 2016-2017
- Најкорисен играч на Балтичката лига (1) : 2012-2013
- Најкорисен играч на Литванското првенство (1) : 2012-2013
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads