Генералитат на Каталонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Генералитат на Каталонија
Remove ads

Генералитатот на Каталонија (каталонски: Generalitat de Catalunya) е генералитат односно институција според која шпанската автономна заедница Каталонија е политички организирана. Во составот на Генералитатот се Парламентот на Каталонија, претседателот на Генералитатот на Каталонија и Извршниот совет на Каталонија.

Кратки факти Генералитат на Каталонија, Податоци за органот ...

Генералитот во 2006 година имал одговорност за годишен буџет од 24 милијарди евра кој во 2010 се зголемил на 33 милијарди евра.[3]

Парламентот на Каталонија кој е дел од генералитатот на 27 октомври 2017 година еднострано прогласил независност од Шпанија како „Каталонска република“. Како одговор на тоа, шпанскиот премиер Маријано Рахој одлучил да го распушти Парламентот на Каталонија и да закаже предвремени регионални избори за 21 декември 2017 година.[4]

Декларацијата за независност била одбиена од централната шпанска влада, а членовите на владата на Каталонија, вклучувајќи го и Карлес Пуџдемон, побегнале во Белгија, тврдејќи дека тие се легитимната влада на Генералитатот на Каталонија.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads