Геогебра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Геогебра е бесплатна интерактивна програма за математика вклучувајќи геометрија, алгебра, анализа и примената математика, наменета за наставници и ученици.[2]
- Геогебрата е софтвер напишан во Java, со што е достапен за повеќе платформи.
- Геогебра е динамичен софтвер за математика и математичко образование. Во гранката на геометрија, конструкциите можат да се направат на многу едноставен начин користејќи точки, вектори, отсечки, прави, сегменти, многуаголници, неравенки, конусни пресеци, имплицитни полиноми и функции. Секој од нив може да се менува динамички. Елементите можат да се внесат или променат директно на екранот или преку лентата за внесување. Постојат и огромен број на можности и команди за работење со алгебра и линеарна алгебра, статистика преку табеларен приказ како и компјутерски систем за алгебра (CAS - computer algebra system).
- Геогебра има способност да користи променливи за броеви, вектори и точки, да наоѓа изводи, интеграли на функции и цел комплет на команди како корен и екстреми.
Remove ads
Превод на македонски
Геогебра е целосна достапна на македонски јазик.
Институт за Геогебра на Р Македонија
Институтот за Геогебра на Р Македонија - ИГМКД е заснован во ноември 2009 г. од Меѓународниот институт за Геогебра.[3]
- Проф. д-р Линда Стојановска, раководител
- д-р Зоран Трифунов, заменик раководител
Литература
Поврзани теми
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads