Геометрија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Геометрија
Remove ads

Геометријата (старогрчки: γεωμετρία; гео = Земја, метрија = мерење) е дел од математиката концентриран на прашања поврзани со големината, формите и релативната позиција на фигурите во просторот. Геометријата е една од најстарите науки. Основите на практичното знаење за должина, површина и волумен се познати уште од третиот век п.н.е. кога геометријата добила аксиоматичка форма од страна на Евклид со што се нарекла Евклидова геометрија која била стандард за многу векови подоцна.

Thumb
Илустрација на Дезаргова теорема, важен резултат во Евклидова и проективна геометрија
Remove ads

Историски развој

Почетоците на геометријата датираат во старите цивилизации во Месопотамија и во Египет. Така, фараонот Сезоотрис ја разделил обработливата земја на населението, кое плаќало данок според големината на доделената земја. Меѓутоа, бидејќи Нил одвреме-навреме го поплавувал околното земјиште, по барање на сопствениците на оштетените парцели, фараонот испраќал земјомери за да измерат колкав дел од земјиштето е уништено. Според пишувањето на Херодот, така настанале првите зачетоци на геометријата во Египет, која подоцна се проширила во Стара Грција. Всушност, оттаму потекнува името „геометрија“ кое е изведено од грчките зборови за земја (геа) и за мерење (метрео). Според тоа, зборот „геометрија“ буквално преведен значи „мерење на земјата“.[1]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads