Георги Атанасов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Атанасов
Remove ads

Георги Атанасов Атанасов, псевдоними Моров, Петар Вангелов, Вангел Петров, Август, Беломорски, бил бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Внатрешна македонска револуционерна организација.[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Георги Атанасов, Александар Протоѓеров и Алеко Василев

Георги Атанасов е роден на 14 јануари 1880 година во Велико Трново. Од 1 јануари 1900 година е кадровски офицер во бугарската армија. Учествува во Балканската војна, Втората балканска војна и Првата светска војна. Во 1919 година Георги Атанасов е отпуштен од војската со чин потполковник. Тој бил четник во четата на Тодор Александров.[3] На 6 јануари 1922 година откако е предизвикан, во софиското кафуле „Панах“, ги убива петричкиот окружниот управник Васил Славов, началникот на 6-полициска станица и еден полицаец. Извесно време се крие во Софија, по што станува четник на ВМРО во Кочанско,[4] а подоцна бил назначен за специјален претставник на ЦК на ВМРО и за секретар на Алексо Василев - Пашата.

Георги Атанасов станува член на Тајниот воен сојуз. Заедно со Алексо Василев ја спроведуваат Неврокопска акција на ВМРО во 1922 година. Учествува и во 9-то јунскиот државен удар на Александар Цанков во 1923 година. Истата година со група четници, учествува во задушувањето на Септемвриското востание.[5] По Септемвриското востание (1923 година), доаѓа во судир со Тодор Александров.

Атанасов бил обвинет дека е еден од главните организатори на убиството на Тодор Александров во 1924 година. Поради тоа, по наредба на бугароманот Иван Михајлов, е убиен за време на Горноџумајските случувања на 12 септември во престрелка со групата на бугароманот Кирил Дрангов во Горна Џумаја, денешен Благоевград.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads