Георги Радулов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Николов Радулов, наречен Георги Радуле (бугарски: Георги Николов Радулов, 1942 - 14 јуни 2025 ) — македонски публицист од Бугарија.
Роден во 1942 година во селото Кремен, Неврокопско, Пиринска Македонија. По завршувањето на основното училиште во родното село, средното образование го продолжил во Банско. Има завршено два технички факултети, на два различни универзитети, и има објавено неколку учебници за техничките училишта. Работи како професор на Рударско-геолошкиот универзитет во Софија.
Независно од неговата професионална ангажираност, Радуле со години ја проучувал историјата на својот македонски народ. Како резултат на неговата истражувачка работа во 1997 година во Софија беше објавена книгата “Историја на Македонија - апологија на македонизмот“.
Оваа книга ја претставува комплетната историја на македонскиот народ, од антиката до средината на XX век, и таа е првата книга од ваков вид објавена во Бугарија и на бугарски јазик. Поради отворено искажаните ставови за одбрана на засебниот македонски национален идентитет, авторот и книгата предизвикаа бурни реакции во Бугарија, и беа цел на бројни критики и притисоци.
Од книгите на историска тема ги има објавено уште: „Кремен - минато и наследство“ и „Кој ја фалсификува историјата?“.
Remove ads
Литература
- Весник „Народна Волја“.
Надворешни врски
- Кој ја фалсификува историјата? (на бугарски)
- Одговор упатен кон македономрзецот Божидар Димитров Архивирано на 20 октомври 2006 г.
- Промовирана „Историјата на Македонија“ на Радуле
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads