Герман (планина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Герман (планина)
Remove ads

Герман — средновисока планина во крајниот североисточен дел на Македонија, помеѓу котлината Славиште на југ, долината на Пчиња на север, планината Козјак од запад и масивот Билино од исток.[1]. Највисок врв е Модра Глава (Герман) (1.390 м н.в). Височината на главното било кое има правец на протегање сз–ји е изедначена на околу 1.300 м, а само наместа се издигаат височинки. Во наведениот правец тоа е долго 9 км. Припаѓа на Родопскиот планински систем, односно таа е од тип на стара грамадна планина[2]. Геолошкиот состав е претставен со: гнајсеви, микашисти, зелени шкрилци и др. Неговите страни се дисецирани со голем број речни текови. Планината е сиромашна со шумска вегетација, поради што се активни рецентните ерозивни процеси. Во највисоките делови е сместено селото Герман.[3].

Кратки факти Регион, Се граничи со ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads