Гигаметар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гигаметар (симбол Гм или Gm) е единица мерка за должина еднаква на милијарда метри[1] или 1.000.000 км.

Оваа единица не наоѓа примена во практичниот живот бидејќи е преголема за да може да изрази било која величина на Земјата. Најзастапена е во астрономијата, кајшто се користи за изразување на растојанието на придружни небесни тела како планетите од нивните матични ѕвезди.
- Примери
- Една астрономска единица (ае или ае) или просечното растојание од Земјата од сонцето 149,6 Гм.
- Просечната оддалеченост на Јупитер од Сонцето изнесува 778,5 Гм.
- Просечната оддалеченост на GJ 1214 b од ѕвездата GJ 1214 изнесува 2,14 Гм, што е најмалата позната орбита на една вонсончева планета.
- Средниот пречник на Сонцето изнесува 1,391 Гм.
- Средниот пречник на црвената суперџиновска ѕвезда Бетелгез изнесува 1302 Гм.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads