Главна бејзболска лига

From Wikipedia, the free encyclopedia

Главна бејзболска лига
Remove ads

Главна бејзболска лига (англиски: Major League Baseball, MLB) — професионална бејзболска организација во Северна Америка, една од петте професионални спортски лиги во САД и Канада. 30-те екипи се поделени во две лиги — Американска и Национална, кои пак се поделени во три дивизии — Источна, Централна и Западна. Двете лиги работеле како посебни правни лица од 1901 и 1876 г., соодветно, и биле споени во една спортска организација под раководство на Комесарот за бејзбол во 2000 г.[1] Лигата, исто така, ги надгледува помалите бејзболски лиги, кои се состојат од приближно 240 клуба поврзани со клубовите од Главната бејзболска лига. Заедно со Меѓународната бејзболска федерација, Лигата го организира Меѓународниот бејзболски класик.[2][3]

Thumb
Трговската марка на Главната бејзболска лига

Првата професионална бејзболска екипа е создадена во 1869 г. во Синсинати. Раните децении на професионалниот бејзбол се одликувале со соперништво помеѓу лигите и играчите што постојано се менувале од еден клуб или лига во друг. Периодот пред 1920 г. е познат како епоха на „мртвата топка“, каде играчите ретко погодувале хоум-ран.[4]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads