Глам-метал
правец во хеви-металот From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глам-метал (познат и како хер-метал, англиски: hair metal) е под-жанр на хеви метал музиката кој настанал во доцните 70-ти и раните 80-ти години во САД. Глам-металот бил доминантен жанр во рок музиката во 80-тите години и за момент во 90-тите.[1]
Глам-металот исто така е нарекуван и хер метал изведуван од таканаречените хер бендови. Овој поим бил популаризиран од страна на MTV во 90-тите и доаѓа од чудниот изглед на изведувачите кој имале долги виткани коси и носеле тесни и стегнати панталони.[2]
Remove ads
Особености
Песните во глам-металот најчесто се следени со дисторзирани гитарски рифови кој се засноваат на таканаречените моќни акорди. Повеќето од песните содржат виртуозно шред трзачко соло. Звукот е покомерциален и повеќе студиски за разлика од раните стилови на металот. Пејачите најчесто при пеењето вадат чист тон за разлика од другите видови на метал каде што се користи потежок вокален стил.[3]

Remove ads
Потекло - доцните 70-ти
Жанрот има големо влијание од глам рокот од 70-тите и од многуте хеви метал бендови. Според некои тврдења првиот глам-метал бенд од 80-тите бил финскиот бенд Hanoi Rocks. Но во САД многу обожаватели тврдат дека движењето на Сансет стрип започнало од страна на Мотли Кру и претходниот бенд на Ники Сикс - Лондон. Други тврдат дека глам-металот бил започнат со Metal Health - албумот на Quiet Riot кој стигнал дури и на првото место на ранг листите во раните 80-ти.[4]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads