Глајшо (Трпејца)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глајшо или Селиште — археолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува населба од средниот век.
Се наоѓа североисточно од селото, од левата страна на патот Охрид - Галичица - Преспа (Р2332), на пространа рамнина наречена Поле во западното подножје на врвот Црн Камен на планината Галичица. Рамнината е долга 1 км (север-југ), а широка 700 м (исток-запад). Во северниот дел на рамнината се гледаат грамади од кршен камен кои укажуваат на постоење на остатоци од градби. Овде се наоѓа поновата црква (параклис) „Св. Спас“, која, според кажувањата на жителите, била изградена врз темели од постара црква.[1]
Remove ads
Поврзано
- Градиште - Осој — средновековна тврдина
- Заум — осамени наоди од старохристијанско време и средновековна населба
- Кале — населба од доцноантичкото време
- Црна Пеш - Крстон Заб — населба од неолитското време
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads