Глеѓ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глеѓта (лат. substantia adamantina s. enamelum) претставува надворешната обвивка на коронката на забот, таа го заштитува дентинот од влијанијата во усната празнина[1] . Изградена е од органска матрица (од 4% до 8%) и кристали на хидроксиапатит (од 92% до 96%). Од нив 12% ѝ припаѓаат на водата. Дебелината на глеѓта варира и најтенка е во пределот на вратот на забот, каде преоѓа во цемент кој го покрива коренот на забот, а најдебела е на џвакалните површини (кај преткатниците и катниците) и секалните рабови кај предните заби. Тоа е најцрвстата супстанција во човековото тело.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Неправилности во структутата на глеѓта

Тие настануваат во времето на создавањето на глеѓта, кога врз процесот на создавање на органска матрица, минерализација и созревањето на глеѓта делуваат негативни фактори.
Постојат неколку фактори кои условуваат појава на структурни аномалии на глеѓта:
- Општи фактори
- Локални фактори
- Наследување
- Интоксикација и
- Непознати причини
- Неправилност предизвикана од дејството на општите фактори се нарекува хипоплазија на глеѓта.
- Неправилност предизвикана од дејството на локални фактори се нарекува Тарнерова хипоплазија.
- Неправилност предизвикана од дејството на наследни фактори се нарекува Amelogenesis imperfecta.
- Неправилност предизвикана од дејството на интоксикација (труење) се нарекува флуороза на забите.
- Неправилност предизвикана од дејството на сѐ уште неразјаснети причини може да се види како локализирано заматување на забите.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads