Глигор Стојковски

македонски поет, новинар, уредник, публицист From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Глигор Стојковски (Волковија, 7 август 1952 ) — македонски поет, новинар, уредник, публицист.[1] Член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]

Кратки факти Глигор Стојковски, Роден(а) ...

Животопис

Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985-1998), новинар во „Утрински весник“ (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на „Култура“.[1]

Книжевно творештво

Глигор Стојковски е автор на книгите[1]:

  • „Починка во чисти честички“ (1979),
  • „Пајак“ (1984),
  • „Очно дно“ (1990),
  • „Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин“ (1992),
  • „Студена минута“ (1993),
  • „Зад билката, молк“ (1995),
  • „Земјата сама ќе се отвори“ (избор) (1996),
  • „Заборавено око на небото“ (1997),
  • „Капката оловна вода“ (избор) (2008).

Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads