Глома
најголема река во Норвешка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глома (норвешки: Glomma или Glåma) — најголема и најполноводна река во Норвешка, сместена во јужниот дел на земјата. Долга е 598 км, а сливот зафаќа 13% од територијата на земјата.
Remove ads
Географија
Реката извира во Еурсунд кај Рерус во Јужен Тренделаг и се влева во фјордот Ослофјорд кај градот Фредерикстад. Најважна притока е Ворма, која истекува од езерото Мјеса и ѝ се приклучува на Глома кај Нес. Езерото добива значајно количество вода од реката Логен (Гундбрандалслоген), во која се слеваат водотеците на големата долина Гудбрандсдал и така значајно го зголемуваат обемот на Глома.[1]
Поречието е богато со шуми и руда, а полноводноста овозможува лесен превоз на суровините, и затоа претставува значаен стопански чинител во регионот со векови. Денес кај устието се наоѓаат мошне значајни производствени и обработувачки капацитети, потпомогнати од хидроенергетските поволности и доброто пристаниште.
Во најгорните делови на Гломската Долина (Гломадал), реката оди на надморска височина од 500 м (во Естердален) и малку пониско во Гудбрандсдал. Шумската граница од брези се протега на височина од 900 м во Естердален. Над Рерус, шумата е ограничена на тлото од долината.
При утоката во езерото Ејерен кај Фетсунд, Глома ја образува најголемата внатрешна делта во Европа, достигнувајќи ја спротивната страна на езерото по кратка оска.Реката носи огромни количества наноси, кои се експлоатираат за производство на градежни блокови наменети за темели.
Remove ads
Име
Во окрузите Естфол и Аксерсхус, реката е позната под обликот Glomma, додека пак во Хедмарк и Јужен Тренелаг, истата се води како Glåma, што воедно се чита малку поинаку. Во далечното минато, се нарекувала Glaumr, што потекнува од старонордискиот поим raumr = „врева, тресок“.
По реката се наречени неколку места, како што се Гломдал и Гломос.
Поврзано
- Список на реки во Норвешка
- Географија на Норвешка
Наводи
Надворешни врски
Галерија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads