Гоби (пустина)
пустина во Кина и Монголија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гоби (монголски: Говь, кинески: 戈壁(沙漠) Gēbì (Shāmò)) е најголема пустина во Азија. Пустината зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Овој пустински предел е во вид на котлина опколена со Алтајските Планини, степите во јужна Монголија и Тибетската Висорамнина на југ. Пустината Гоби е составена од неколку различни еколошки и географски региони кои зависат од климата и топографијата на пределите. Според големината, пустината Гоби е петта најголема пустина во светот. Оваа пустина е позната по важната улога која ја имала при растењето на Монголското Царство и постоењето на некои поважни градови на Патот на свилата. Бидејќи јужно од пустината се наоѓаат Хималаите, влажноста и дождовите не можат да продрат до пустината.[1]
Remove ads
Гоби како мотив во уметноста
- „Утро во пустината Гоби“ — песна на монголскиот поет Сормуниршин Дашдоров.[2]
Поврзано
- Географија на Монголија
- Географија на Кина
- Список на пустини по површина
Наводи
Дополнителни информации
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads