Гобларак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гобларак (грчки: Μικρό, Микро, до 1927 година Γκομπλαράκι, Гоблараки[1]) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓало во денешната општина Дескати, во областа Западна Македонија.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало 30 км југоисточно од градот Гребен, од десната страна на реката Бистрица. Било сместено во атарот на денешното село Дименица, на околу 3 км северозападно од него.
Историја
Во Османлиското Царство
Кон крајот на XIX век Гобларак е мало грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската каза на Османлиското Царство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кубларик се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 15 куќи.[2]
Според грчка статистика, во 1910 година во Гоблараки (Γκομπλαράκι) живееле 27 православни Грци.[3]
Во Грција
Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година Гобларак влегува во составот на Кралството Грција. Во 1913 година при првото пребројување од новите власти во Γκομπλαράκι се регистрирани 28 жители.[4]
Во 1927 година името на селото е сменето во Микро.
Гобларак постепено опустошува во 1930-тите години,[5] а во 1940-та веќе не се води како одделно село.[6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads