Голанска Висорамнина

област во Левантот From Wikipedia, the free encyclopedia

Голанска Висорамнинаmap
Remove ads

Голанска Висорамнина (арапски: هضبة الجولان Haḍbatu 'l-Jawlān или مرتفعات الجولان Murtafaʻātu l-Jawlān, хебрејски: רמת הגולן, Ramat HaGolan (audio)) или едноставно Голан — регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 км2. Регионот е денес под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.

Кратки факти Голанска Висорамнина هضبة الجولانרמת הגולן, Статус ...

Геолошки, географски и биогеографски регионот ја опфаќа територијата од базалтската висорамнина помеѓу реката Јармук на југ, Галилејското Езеро и долината Хула на запад, Хермонската Планина на север Вади Ракад на исток.

Remove ads

Потекло на поимот

Арапските имиња за висорамнината се Џавлан[1] и Џолан (арапски: جولان).[2] Во Библијата Голан е споменат како град за прибежиште кој се наоѓа во Башан.[3] Авторите од 19 век го толкувале значењето на зборот како „нешто опколено“.[4][5] Во Мишнах името на регионот е Габлан, а во арамејскиот јазик Гавлана, Гувлана или Гублана.[1]

Географија

Голан се граничи со северниот округ на Израел, Либан, Јордан и Сирија. Според Израел под негова контрола се 1150 км2,[6] а сириските извори наведуваат дека Голам има вкупна површина од 1860 км2, од кои 1500 се под израелска контрола.[7] Според ЦИА, Израел контролира 1300 км2.[8]

Регионот е планински и е на висока надморска височина, кој има преглед на јорднската долина, каде се наоѓа Галилејското Езеро и реката Јордан. На север се наоѓа високата планина Хермон.[9] Просечната надморска височина на Голан е 1000 метри, односно на север е некаде највисока точка со 2814 метри, а кај Галилејското Езеро е под нивото на морето.[8]

Регионот е значаен извор на свежа вода, особено во повисоките места. Голанската Висорамнина снабдува 15% од потребната вода на Израел.[10]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads