Голема Корапска Врата

планински превој во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Голема Корапска Врата
Remove ads

Голема Корапска Врата (на некои карти позната и како Висока Корапска Врата) — високопланински превој на планината Кораб во западна Македонија. Преслапот Голема Корапска Врата е висок 2.063 метри надморска височина и ги поврзува, односно меѓусебе која меѓусебе ги дели северниот и средишниот дел на планината Кораб[1]. Превојот Голема Корапска Врата се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб и водедно ги дели и гребените (масивите) на врвовите Зиберова Кула на север и Бел Врв на југ, додека на исток се отвора долината на реката Штировица, а на запад планинските гребени на врвовит и долината Радомир, кои всушност и се поврзани со пешачко-коњска патека која минува низ самиот превој. Точната местоположба на превојот Мала Корапска Врата е 41°48’ северна географска широчина и 20°34’ источна географска должина[1]. Веднаш на самиот преслап се наоѓаат повеќе силни извори на вода познати како Три Чешми, кои воедно се и изворите на реката Штировица.

Thumb
Поглед на превојот Голема Корапска Врата, од југоисток
Thumb
Поглед на превојот Голема Корапска Врата, од североисток
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads