Голема Тумба (Добромири)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Голема Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Добромири. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во непосредната близина на старото корито на Црна Река, каде од неговата лева страна се издига тумба висока 3 метра која има неправилна кружна основа со димензии од 210 × 100 м. Со интензивните земјоделски работи нејзиниот првобитен облик е прилично нарушен. Во 1977 година е извршено пробно ископување при што се пронајдени два хоризонта на живеење од времето на средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Арапски Гробишта — населба од неолитско време;
- Горна Тумба — населба од неолитско време;
- Добромири;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads