Голема Чешма (Градец)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Голема Чешма или Црквиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во југозападниот дел на селото, веднаш над селската чешма, на површина од 80 × 80 м се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од архитектонска пластика, а според кажувањето на мештаните, бил откриен и мозаичен под. Во профилот на источниот раб од теренот се гледаат гробови со конструкции од камени плочи од типот циста. Грамадите од градежен камен укажуваат на постоење на сакрален објект, на што му оди во прилог и самиот втор топоним — Црквиште.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
