Големо Ропско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Големо Ропско Езеро (англиски: Great Slave Lake) — второ по големина езеро во Канада и главен резервоар на вода на сливот на реката Мекензи. Езерото има неправилен облик, со широки заливи, голем број острови и карпести брегови, главно обраснати со шума. Се наоѓа на границата меѓу старата камена маса на Канадскиот штит и новите слоеви се наоѓаат под канадската прерија/Great Plains. На Големото Ропско Езеро оваа поделба е направена со голем залив кој од северната страна на брегот се шири кон север. Малкубројните жители живеат од риболов на езерото. Во околината на езерото се наоѓа и гратчето Јелоунајф, во близина на рудникот за злато на северниот езерски ракав, исто како и неколку помали туристички излетнички места. Најголема притока е Ропската Река, која се влева на јужниот брег и донесува вода од езерото Атабаска и реката Пис. Реката Мекензи истекува на југозападниот дел на езерото и го претставува единствениот езерски одвод. Езерото зиме замрзнува, а без мраз е четири месеци во годината.[1]
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads