Горенички мост
поранешен мост на Радика кај селото Горенци, Дебарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горенички мост или Грофчански мост — поранешен камен мост во близина на дебарското село Горенци. Мостот минувал преку реката Радика и пред неговото уништување во 1960-тите бил прогласен за културно наследство на Македонија.[1][2]
Remove ads
Историја
Мостот се наоѓал во близина на Дебар, по течението на реката Радика. Имал три лака, од кои средниот бил најголем, а страничните биле помали и исти. Меѓу сводовите имало две „мостови ниши“. Неговата должина била над 50 м.[1]
Мостот бил разрушен при изградбата на браната на Дебарското Езеро во 1960-тите. Мостот бил внимателно демонтиран камен по камен поради неговиот статус на културно наследство, а секој камен потоа бил обележан да биде повторно изграден на друго место долж Радика. Камењата биле чувани во објект во близина нај Бошков Мост, но поради немање пари мостот не бил изграден и камењата биле искористени за разни други градби во Дебар.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads