Горица (Виница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горица — населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика.
Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.
Remove ads
Местоположба
Наоѓалиштетот се наоѓа на 1,5 километри северозападно од градот Виница, на една тераса што благо се спушта кон левиот брег на Брегалница, со простор од околу 1 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
Историја
Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 27 јануари 1984 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на култура, кое било надополнето на 17 јули 1992 година.[1]
Ископувања
Од 1984 до 1989 година Музејот на Македонија вршел заштитни ископувања при што се откриени темели од помала трикорабна базилика со нартекс и две странични простории, како и остатоци од темели од други објекти. Ѕидовите од базиликата се зачувани во темелните партии, наместа до 1 метар висина, и се градени од речен и кршен камен со варов малтер. Со ископувањата се откриени фрагменти од убава архитектонска и пластика работена во камен (крстови, гулаби и други христијански мотиви).[2]
Поврзано
- Виница — средновековна населба;
- Пазариште — населба од римското време;
- Виничко кале — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Ила — некропола од железното време; и
- Бановски Ниви — осамен наод од железното време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads