Горица (Новоселци)
античка утврдена населба кај Новоселци, Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горица (грчки: Γκορίτσα Νερόμυλους) — античка утврдена населба над селото Новоселци, Мегленско, Егејска Македонија.[1][2]
Remove ads
Местоположба
Остатоците од населбата се откриени на ридот Горица северно од Новоселци, на левиот брег на Мегленица. На другиот брег на реката, во атарот на с .Продром, има рид исто така наречен Горица (Мала Горица), на кој е ктирнеа некропола од железно време.[1]
Опис
На подрачјето на Горица се откриени монети, керамика, фигурки, надгробна плоча на Касандра и вотивна плоча која служела како олтар. Во просторот ограден од бедемот се откриени остатоци од покриви, складови, работилници и верски објекти, градби со мозаечни подови од III век. Меѓу најинтересните наоди се глава на женска фигурка, бронзена фибула, релјефен сад, целосно зачувана маслена ламба од III век, прстени со многу симболи, глинена култна фигурка на змија, ќерамиди со натписи и дел од калап за релјефни хеленистички садови.[1]
Населбата била развиена уште во доцниот хеленистички период — крајот на IV – I век п.н.е., а има податоци дека постоела во доцнокласичното време (IV век п.н.е.). Првиот археолошки истражувач на Меглен, Николаос Пападакис во 1913 г. напишал дека имало археолошки наоди и керамика од V век п.н.е. Меѓутоа, во 1916 г. за време на Првата светска војна го користела француската армија и значаен дел од наодите се уништени. Во 1994 г. наоѓалиштето настрадало и од ловци на богатство.[1]
Во 1996 г. археолошките наоѓалишта на двете Горици се прогласени за заштитен археолошки споменик.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads