археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште познато и како Горнобањичко Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Бањица. Претставува утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 500м јужно од селото на местото каде се издига доминантен рид сместен на јужната периферија на Горни Полог, западно над стариот пат за Кичево. На зарамнетото плато, чија површина изнесува 120 × 120м, се гледа траса од бедем граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и други предмети со различна временска припадност.[1] Во 2025 година започнале ископи на локалитетот.
Откриена монета на Александар Македонски во Градиште (Горна Бањица, Гостивар) за време на археолошките истражувања на проф.Виктор Лилчиќ Адамсен од Универзитет Св.Кирил и Методиј, СкопјеВрбјанско Маало — некропола од средновековието;