Гостољуби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гостољуби или Костољуби (грчки: Κωνσταντία, Константија; до 1925 година: Κωστελούπ, Костелуп[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа под западните падини на планината Пајак, на надморска височина од 180 метри.[3] Селскиот атар опфаќа површина од 16 квадратни километри.
Сместено е во источниот дел на котлината Меглен, во подножјето на планината Пајак. Оддалечено е 5 километри источно од Капињани и 11 километри од градот С’ботско.
Крај самото село поминува главниот пат од С’ботско за селото Фуштани.[3]
Историја
Гостољуби е многу старо македонско село, до 1924 година населено исклучително со македонско население, кое во немирните години, заради лична и имотна обезбеденост, ја примило исламската вера.[3]
Во 1924 година, во согласност со Лозанскиот договор, жителите на селото, како муслимани, принудно биле иселени во Турција (во областите Анталија и Аспарта), а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Мала Азија, понтски Грци.[3][4] Според пописот во 1928 година, селото било чисто бегалско со 165 бегалски семејства со вкупно 741 жител.[5]
Во 1925 година, името на селото било променето во Константија (Κωνσταντία).
Селото силно настрадало во Граѓанската војна. На 10 февруари 1947 година, чети на Демократската армија на Грција го нападнале селото, при што убиле 34 жители и запалиле многу куќи.[4]
Во 1995 година, во месноста Ксирика е откриена некропола од железната епоха (1100-700 п.н.е.).[4]
Remove ads
Стопанство
Главни производи на селото се десерното грозје, овошје, жито и тутун. Делумно е развиено и сточарството.[3]
Население
Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Гостољуби било македонско-муслиманско село со машко население од 640 души и 180 домаќинства.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Гостољуби живееле 1.300 Македонци-муслимани.[3][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гостољуби имало 1.440 Македонци-муслимани.[8]
Во 1920 година, Гостољуби е посочено со 184 куќи.[3][9]
Во пописот од 1913 година било забележано со 600 жители. Во друго издание на грчката статистичка служба се водело со 1.208 жители, што веројатно е поточно. Во 1920 година имало 1.197 жители. Во 1924 година се случила размена на населението и целокупното муслиманско население на селото било принудно иселено, а на негово место биле населени грчки бегалски семејства од Мала Азија. Бројот на нивните жители во 1928 година изнесувал 785, во 1940 година 1.144, а во 1951 година, поради Граѓанската војна се намалил на 994 жители. Во 1961 година селото било попишано со 1.029, во 1971 година со 802, во 1981 година со 719, а во 1991 година со 724 жители, сите бегалци.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 759 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 570 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина во Мегленската околија, а атарот на општината опфаќал површина од 16 квадратни километри.[3] Во 1997 година, општината била припоена кон поранешната општина Капињани.[10] Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.
Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гостољуби, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Нектариј — во црквата се наоѓаат и дел од моштите на светецот.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads