Готи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Готи
Remove ads

Готите — источногерманско племе кое води потекло од Скандинавскиот Полуостров. Во текот на 3 век и 4 век, тие навлегле длабоко на територијата на Римското Царство, и подоцна го прифатиле аријанството.

Thumb
Римското Царство за време на императорот Хадријан

Разместувањето на готските племиња

Разместувањата на германските племиња што започнале во II и III век, продолжиле и во IV и V век. При овие разместувања особено долг пат поминале источногерманските племиња Готи. Готите најпрво ги населувале јужните делови на денешна Шведска и островот Готланд, кој по нив го добил и своето име. Кон средината на I век п.н.е. еден дел од Готите ги напуштил овие првобитни територии и се спуштил кон југ. Во времето на Такит, Готите главно живееле на териториите по долното течение на р. Висла и натаму на исток долж брегот на Балтичкото Море.

Поделбата на Готите

Кон средината на II век н.е. Готите започнале постепено да се поместуваат на југоисток, кон Црното Море и се населиле во басенот на Днестар и Долно Поднепровје. Во III век (околу 291 г.) била извршена конечната поделба на Готите на Источни и Западни, односно на Остроготи (Грејтунзи или Степски Готи) и Визиготи (Тервинзи или Шумски Готи). Остроготите ги населувале териториите источно од р. Днестар, северното крајбрежјена Црното и Азовското Море, а Визиготите териториите помеѓу Днестар и Долен Дунав. Од овие простори Готите преземале напади врз териториите на Римското Царство и по копно и по море.

Thumb
Готските инвазии во 3 век

Ширење на христијанството

Во IV век кај Готите (според Јордан кај т.н Мали Готи) започнало да се шири христијанството и тоа во облик на аријанство. Прв проповедник на христијанството кај Готите бил Улфила (Вулфил), воен заробеник од Мала Азија. Откако во 341 г. бил поставен за епископ од страна на познатиот цариградски патријарх Евсевиј Никомедиски, тој бил вратен кај својот народ со мисионерска задача. За полесно да го проповеда хриситјанството меѓу Готите, Улфила ја превел Библијата од грчки на готски јазик.

Thumb
Романтичен приказ на покрстувањето на Готите во аријанство.
Remove ads

Остроготски племенски сојуз

Кон средината на IV век во црноморските степи бил формиран еден крупен племенски сојуз на чело со Остроготите, предводени од кралот (Х)Ерманарик. Покрај Готите, во сојузот влегле и некои сарматски и словенски племиња. Источно од готскиот сојуз, во степите на Долна Волга и Северен Кавказ веќе бил формиран племенскиот сојуз на Хуните, кои во средината на столетието ги поразиле Аланите и станале непосредни соседи на Остроготите. Неизбежниот судир помеѓу двата сојуза се случил во 375 година. Во решавачката битка, лесната хунска коњаница имала очигледна предност над готската пешадија и им нанела на Готите тежок пораз. Кралот Ерманарих, не можејќи да го поднесе поразот, се самоубил, сојузот се распаднал, а поголемиот дел од Остроготите продолжиле заедно со Хуните да се движат кон запад и да ги остваруваат нивните интереси.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads