Градиште (Австрија)
сојузна покраина во Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште или Бургенланд (германски: Burgenland; хрватски: Gradišće, словенечки: Gradiščanska, унгарски: Várvidék) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот источен дел. Зафаќа површина од 3.966 квадратни километри и тука живеат околу 285.000 жители. Главен град е Ајзенштат (Железно).
Оваа статија се однесува на сојузната покраина во Австрија. За останатите места со тоа име, погл. Градиште.
Remove ads
Местоположба
Градиште го зазема источниот дел на Австрија. Се граничи со:
- на север — Долна Австрија
- на североисток — Словачка
- на исток — Унгарија
- на југ — Словенија
- на запад — Штаерска
Географија
Со површина од 3.966 квадратни километри, Градиште е една од помалите покраини во Австрија. Според релјефот, поголемиот дел е во склоп на Панонската Низина, а мал дел на запад е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална. Водите ги застапуваат многу реки и езера, меѓу кои најпознато е Нежидерското Езеро, на границата со Унгарија.
Население
Со над 285.000 жители и густина на населеност од 72 жит./км2 Градиште е последна по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Хрвати и Унгарци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција, но не толку како во останатите делови на Австрија.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads