Градиште (Брежани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште или Кула — археолошко наоѓалиште кај охридското село Брежани, Општина Дебрца. Претставува населба од железното и хеленистичкото време.
На околу 2 км источно од селото, на падините на Плакенска Планина, на пат за селото Плаќе се наоѓа зарамнето плато оградено со тврдински ѕидови во сувоѕидица од кршен камен. Градиштето има одлична стратешка положба, со поглед кон Средорече. На површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови.[1]
Remove ads
Поврзано
- Брежанско Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време
- Во Селото — населба од неолитот
- Широко Гариште — топилница од римското време
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads