Градиште (Град)
археолошко наоѓалиште во Град, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — градиште уште од времето на енолитот, сместена на рид над селото Град, во источниот дел на Македонија. Со археолошките истражувања од 2001 година, „Градиште“ бил датиран како доцноантичкиот град Армонија.[1]
Денес, тврдината издигнувајќи се над селото Град претставува туристичко одредиште и буди љубопитност кај посетителите.
Remove ads
Истражувања

Постари истражувања во атарот на селото била откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Евбеја) од IV и III век п.н.е., со што се докажува дека имало населба и во хеленистичкиот период. Истата населба продолжила да постои и за време на римскиот период.[1]
На самиот рид се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.[1]
Во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество — мајка со жртвеник, која потекнува од пред околу 5.500 години. При истите истражувања ископана е енолитска куќа, во состојба каква што била во тоа време. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и брозенодобски населби. Во текот на истата година, наоѓалиштето било датирано како доцноантички град Армонија.[1]
Според наодите, наоѓалиштето било добро утврдена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади.[1]
Досега во Град не е пронајдена ранохристијанска црква, иако преданието говори дека во селото имало повеќе цркви.[1]
Во средниот век имало развиен црковен живот, за што сведочат бронзените крстови пронајдени во 2001 година.[1]
Remove ads
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads