Градиште (Граиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Граиште. Претставува градиште од раноантичко и доцноантичко време. Се наоѓа на висок конусен рид со зарамнето плато, опкружено од три страни со речни долини. Оградено е со три појаси од одбранбени ѕидови градени од камен без малтер, кои во вид на тераси опфаќаат простор од околу 10 хектари. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се повеќе од 200 монети од IV-II век пред н.е. Во западното подножје се откопани гробови со златен накит. На највисокото плато, остатоците од раноантичкото градиште, кои се на површина од околу 3 хектара, се опфатени со доцноантичкиот бедем ѕидан од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и монети. Во јужното подножје на ридот, над селското училиште се откопани поголем број гробови градени од камени плочи во кои меѓу прилозите имало и монети од IV век. Наодите се сместени во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Битола.[1] Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Брианион, Трипола и Добрун.[2]
Во 2009 година поради поставување на антени, 2\3 од наоѓалиштето биле неповратно уништени. Тоа довело до серија негативни критики во јавноста.[3]
Remove ads
Поврзано
- Превалец — некропола од доцноантичко време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Црквиште — црква од старохристијанско време;
- Граиште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads