Градиште (Делогожди)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градиште или Калеархеолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Делогожди. Претставува населба од железно, хеленистичко и римско време. Се наоѓа на 3 км североисточно од селото и на 1 км северно од некрополата Св. Илија. Сместен е на висок рид, на неколку нивоа, на кои се протега утврдување. Утврдувањето е проширувано со одбранбени ѕидови од кршен камен, изведени во сувоѕидица на терасите што се спуштаат кон југ. На источната страна од највисоката тераса се следи ѕид изграден од камен и малтер. Сондажни истражувања се вршени во 1980 година од страна на Вера Битракова Грозданова. На местото е откриена и хеленистичка и римска керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads