Градиште (Лесново)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — градиште од доцноантичко време. Во планинскиот предел Коњарево, оддалечен 4 километри северно од селото Лесново, на еден зарамнет простор се наоѓаат остатоци од утврдување со приближни димензии од 110 на 100 метри. Всушност, зачувани се темелите од бедемот чија дебелина изнесува 1,5 метри, кои се градени од кршен камен и варов малтер. Во внатрешниот простор на градиштето се забележуваат остатоци од повеќе објекти, а на површината има голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Најдени се и повеќе бронзени монети, од кои неколку се чуваат во штипскиот музеј.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads