Грамаѓе (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железното време.
Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, во југоисточното подножје на Пејков Рид, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани за околу 800 м, а од десната страна на Суви Дол. Во нивата на Серафим и Јордан Божиноски е пронајдена некропола. При обработувањето биле откривани групации на камења и фрагментирана керамика, кои се депонирани по западниот раб на Суви Дол и западната меѓа на нивата каде што и денес можат да се забележат. Во близината на овој простор, во нивата на Петре и Чедомир Илчески бил откриен гроб со конструкција од бигорни плочи, во кој била најдена тока за ремен.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads