Грам-позитивни бактерии

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грам-позитивни бактерии
Remove ads

Грам-позитивните бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид се обојува со кристал-виолетови бои кои се користат при боењето по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (+).

Thumb
Грам-позитивната бактерија Bacillus anthracis (виолетови стапчиња) во примерок од ’рбетномозочна течност. Другите клетки се леукоцити.

Клеточен ѕид

Грам-позитивниот клеточен ѕид се одликува со присуството на многу дебел пептидогликански слој кој е одговорен за задржувањето на кристал-виолетовите бои за време на процедурата на боење по Грам. Застапен е исклучиво кај организмите кои припаѓаат во групата на Actinobacteria (или високопроцентни G+C Грам-позитивни организми) и кај Firmicutes (или нископроцентни G+C Грам-позитивни организми). Бактериите во групата на Deinococcus-Thermus исто така можат да се изложат на Грам позитивно боење, но тие содржат и некои структури на клеточниот ѕид кои се типични за Грам-негативните организми. Во Грам-позитивниот клеточен ѕид се вметнати полиалкохоли наречени теихоински киселини, од кои некои се поврзани со липидите и градат липотеихоински киселини. Бидејќи липотеихоинските киселини се ковалентно поврзани со липидите во рамките на цитомембраната, тие се одговорни за поврзувањето на пептидогликанот за цитомембраната. Теихоинските киселини му даваат на Грам-позитивниот клеточен ѕид целокупно негативен полнеж поради присуството на фосфодиестерски врски помеѓу мономерите од теихоинската киселина.

Remove ads

Класификација

Thumb
Идентификација на видовите во клинички услови

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads