Граници на Полска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Границите на Полска имаат вкупна должина од 3.511[1] или 3.582 км, зависно од сметањето.[2] Земјата се граничи со Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Литванија и руската ексклава Калининградска Област на североисток. На север излегува на Балтичкото Море.

Ова се поединечните државни граници со нивната должина, дадени по надолен редослед.[1]
- со
Чешка: 796 км - со
Словачка: 541 км - со
Украина: 535 км - со
Германија: 467 км - со
Белорусија: 418 км - со
Русија (Калининградска Област): 210 км - со
Литванија: 104 км - морска (Балтичко Море): 440 км
Бреговата линија на Полска е долга 770 км.[1]
Remove ads
Историја
Денешните граници на Полска се определени по Втората светска војна и основањето на Народна Република Полска. Договорени се од големите сили на Кримската конференција во Јалта на 11 февруари 1945 г. и со Потсдамскиот договор од 2 август истата година. Ова било грубо повлекување на границите, а точното разграничување било оставено на Полска и нејзините соседи.
Поважни гранични премини

По стапувањето на Полска во ЕУ во 2004 г. граничните премини со другите членки на унијата станале излишни. Инфраструктурата не е отстранета, но нивната употреба е недозволена според Шенгенскиот договор.[3]
Поранешни
со Германија
- Швиноујшќе
- Колбасково
- Костшин на Одра
- Швјецко
- Губин
- Олшина
- Згожелец
со Чешка
- Јакушице
- Кудова-Слоне
- Хакупки
- Ќешин
со Словачка
- Хижне
- Лиса Полана
- Јургув
- Барвињек
со Литванија
- Огродњики
- Буѓиско
Во минатото Полска имала граници и гранични премини со поранешни земји, или со земји кои повеќе не се граничат со неа:
- поранешни: Чехословачка, СССР, Источна Германија
- денес негранични: Романија, Унгарија, Латвија
Денешни

со Украина
- Корчова
со Белорусија
со Русија
- Гжехотки
Remove ads
Поврзано
- Керзонова линија
- Крајни точки на Полска
- Географија на Полска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
