Грб на Киргиската Советска Социјалистичка Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грбот на Киргиската Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 23 март 1937, од страна на владата на тогашната Киргиска ССР.

Опис
Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделството, памук и пченица. Во средината се наоѓа приказ на планината Тјеншан опкружен со народни мотиви од киргискиот народ. Црвената ѕвезда над грбот била додадена во 1948 година. Во горниот дел на грбот се наоѓа срп и чекан. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се!" напишан на киргиски и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа натпис "Кыргыз С.С.Р.".
Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Киргистан
Remove ads
Поврзано
- Грб на Киргистан
- Знаме на Киргиската ССР
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads