Гревопаѓање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гревопаѓање — поим заеднички за сите авраамски религии, кој означува прекршување на Божјата волја од страна на првиот човек. Овој чин довел до падот на човекот од состојба на највисоко, безгрешно и невино блаженство во состојба на страдање и грешност. Концептот се заснова на 3-та глава од книгата Битие.[1]

Remove ads
Во Библијата
Во книгата Битие, во 3-та глава е опишан настанот за протерувањето на првите луѓе (Адам и Ева) од Рајската градина, откако, прекршувајќи ја заповедта на Господ (еврејски: אֱלֹהִים, Елохим), вкусиле од Дрвото на познавање на доброто и злото (Бит. 3:1–7).[2]
Адам бил предупреден дека вкусувањето на плодови од Дрвото на познавање на доброто и злото води кон смрт:
Од дрвото на познавање на доброто и злото, не јади од него; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.
—Бит. 2:17
Ева (Бит. 2:22), како последица на дијалогот со змијата (еврејски: נָּחָשׁ, нахаш), вкусила од забранетиот плод и му дала да јаде на Адам, по што:
И им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи, па сошија смоквини лисја и си направија престилки.
—Бит. 3:7
Последиците од прекршувањето на забраната и одбивањето на понуденото покајание биле: оштетување на создаденото (природата) и на човекот, протерување од рајот, губење на пристапот до Дрвото на животот и смртта.
Во јудаизмот се смета дека змијата искушувач е ангелот Самаил. Во христијанството, змијата искушувач се поистоветува со сатаната, врз основа на Откровението на Јован Богослов: „И беше фрлен големиот змеј, старата змија, која се вика ѓавол и сатана, кој го мами целиот свет, беше фрлен на земјата, а со него беа фрлени и ангелите негови“ (Откровение 12:9).
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
