Грефенхајнихен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грефенхајнихен (германски: Gräfenhainichen) — град во округот Витенберг во Саксонија-Анхалт, Германија.
Remove ads
Местоположба
Градот бил седиште на канцелариите на заедницата на општини Тор цур Дибенер Хајде додека не била распуштена во јануари 2011. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од Лутерштат Витенберг, југоисточно од Десау и североисточно од Битерфелд, на работ на природниот парк Дибенер Хајде.
Близу се наоѓа езерото Гремин, езеро создадено како резултат на повторното оплеменување на просторот на некогашните јагленокопи Голпа-Норд и на чии брегови е поставен Ferropolis („Железниот град“), индустриски споменик, всушност музеј посевн на „индустриската култура“.
Remove ads
Историја
Грефенхајнихен бил првпат споменат во 1254. Во 1454, Грефенхајнихен ги потврдил градските права, откако старите документи во кои му се доделени градски права изгореле во пожар. Во 1637, во текот на Триесетгодишната војна, градот бил скоро целосно уништен од Швеѓаните. Во 1859, во градот била поставена новата железничка линија помеѓу Витенберг и Битерфелд. Поволната местоположба на градот дозволила да се развие индустрија. Првата печатарска работилница била отворена во 1874; до 1990, постојат најмалку четири печатарски рботилници во Грефенхајнихен. До 1890, бил ископуван кафен јаглен во Грефенхајнихен, најпрвин под земја, а потоа и во јагленокопи. Во 1954, во тоа време градот бил во Источна Германија, Грефенхајнихен станал окружно седиште (Kreisstadt) на три града и 27 општини. Ова траело до 1994, четири години по реобединувањето на Германија.
Remove ads
Грб
Моменталниот градски граѓански грб бил доделен на 17 фекември 1993. Најстариот градски печат потекнува од 1477 и моменталниот грб се заснова на тој. Кулата стои поради стариот утврден град, заедно со лавот, кои ознаки на грбот на Мајсен, кој потекнува од 1377 кога грофот од Мајсен станал лорд на месното население. До 1993, грбот на Грефенхајнихен бил со сличен дизајн, но со различни хералдички елементи и со различни бои. Стариот грб бил предоминантно црвен. Архивирано на 5 февруари 2012 г.
Меѓународни односи
Грефенхајнихен одржува партнерства со следниве градови:
Сообраќај
Грефенхајнихен се наоѓа на сојузниот автопат Bundesstraße, B 107, кој води од Бад Дибен до Косвиг, на B 100 од Витенберг до Битерфелд и ина покраинскиот пат Landesstraße L136 до Чорневиц.
Раскрсницата Dessau-Ost на автопатот A9 (Минхен - Берлин) — околу 17 километри оддалечена.
Железничката станица Грефенхајнихен се наоѓа на линијата на Deutsche Bahn помеѓу Витенберг и Битерфелд.
Личности
- Јоаким Готлоб ам Енде — теолог и учител
- Паул Герхарт — писател на химни
- Хуго Винклер — археолог и лингвист
- Јохан Готфрид Гале — астроном откривач на Нептун, роден во блиското село Радис
- Паул Плајгер (1899-1985) — индустријалец
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


